

Почитувани студенти
Пријавувањето на првиот колоквиум во зимскиот семестар од академската 2024/25 година ќе се врши on-line во периодот од 28.10 до 01.11.2024 година.
Согласно глобалниот календар на активности, полагањето на првиот колоквиум ќе се спроведе во периодот од 11.11 до 15.11.2024 година.
За информации во врска со конкретните термини (датум и час на полагање), редовно следете ги известувањата – распоредите за полагање на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи.
За сите прашања, Студентската служба е достапна секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101.
ПОСТАПКА ЗА ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ПРВ КОЛОКВИУМ ВО ЗИМСКИ СЕМЕСТАР (2024/2025)
За секој поединечен предмет пополнете e-Пријава за колоквиум а потоа доставете ги формуларите електронски по e-mail, заедно со доказ за уплатен надоместок до референтите од Студентска служба, и тоа:
Наталија Андреева Галевска, [email protected]
1.Факултет за дентална медицина
2.Факултет за дентална медицина – Забни техничари
3.Факултет за економски науки
4.Факултет за детективи и криминалистика, и
5.Факултет за информатика, и
6.Факултет за арт и дизајн
Формуларите [e-Пријава] во pdf формат, прилагодени за електронско пополнување, се достапни за преземање на следниот линк:
е-ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ КОЛОКВИУМ
Надоместокот за пријавување е 460 денари. Oсвен за студентите запишани 2024/2025 надоместокот за пријавување е 560 денари по колоквиум.
Жиро с-ка 25 000 100 264 7886 Шпаркасе Банка.
Уплатница [пример]
